Хари Кејн ќе го наследи Левнадовски во Баерн Минхен?

Трансфер сагата за заминување на Роберт Левандовски од редовите на Баерн Минхен заврши, а германскиот состав сега ја бара неговата замена. Постојат повеќе опции, а една од најпосакуваните е Хари Кејн.

Репрезентативецот на Англија во моментот има статус „недопирлив“ во Тотенхем, но тоа може лесно да се промени во текот на следната сезона доколку „петлите“ не бидат конкурентни за титули. Кејн и претходно беше пред заминување од лондонскиот тим, но одлучи да остане и да даде нова шанса под водство на Антонио Конте.

Неговиот договор истекува во 2024 година па во секој случај следното лето ќе биде клучно. Доколку 28-годишникот не ја продолжи соработката, Тотенхем ќе мора да продава доколку сака да заработи, а токму на тоа се надева германскиот тим.

„Тој е под договор со Тотенхем и ќе биде тешко. Секако, тој е еден од најдобрите на својата позиција и тој ни е сон за иднина. Ќе видиме што ќе се случи“, изјави Оливер Кан.

Се вчитува...