Хари Кејн ќе замине од Тотенхем само под два услова

Шансите на Тотенхем з пласман во Лигата на шампионите се сведоа на теорија по поразот од 1-3 на домашен терен од Манчестер Јунајтед во дерби натпреварот од 31. коло во Премиерлигата. Составот на Жозе Мурињо се наоѓа на седмата позиција на табелата, пет бода зад петтопласираниот Челси, а тоа отвара и нов проблем за лондонскиот состав.

Имено, најдобриот фудбалер на Тотенхен, Хари Кејн, кој се наоѓа во најдобрите години во својата кариера посакува да се натпреварува на највисоко ниво, па е се поблиску до заминување од Лондон, но истото да се случи потребно е да се исполнат два услова. Првиот е премин во клуб надвор од Англија, а вториот е неговата цена која изнесува 120 милиони евра. Јасна е желбата на „спарси“ ако останат без својот најдобар фудбалер, барем да не дозволат тој да засили директен ривал, поради што директорот Даниел Леви е решен да ги одбие сите понуди од Манчетер Јунајтед и од Манчестер Сити.

За услугите на капитенот на англиската репрезентација се заинтересирани Барселона и Реал Мадрид, како и ПСЖ па ќе биде интересно да видиме каде ќе заврши 27-годишникот. Тотенхем и „кралскиот“ клуб веќе имаа значајни соработки со Модриќ и Бејл, додека не се исклучува и можноста Англичанецот повторно да соработува со Маурицио Покетино.

Се вчитува...