Хари Кејн се врати на тренинзите на Баерн

Хари Кејн, се врати на тренинзите на Баерн Минхен, потврдија од германскиот великан. На 30 ноември на натпреварот од 12. коло во Бундеслигата против Борусија Дортмунд (1-1), Кејн заработи повреда на бутот.

Баерн по тој натпревар изјави дека по дополнителните прегледи било утврдено дека англискиот фудбалер го скинал бутниот мускул, но потоа не објави колку долго Кејн ќе мора да паузира.

Пред два дена напаѓачот го пропушти осминафиналето од Купот на Германија против Леверкузен, кој Баварците го загубија со 0-1.

Кејн оваа сезона одигра 19 натпревари за Баерн во сите натпреварувања и постигна 20 гола.

Се вчитува...