Хари Кејн стигна во Лондон: Следуваат медицински прегледи па потпис

Капитенот на Англија, Хари Кејн, слета во Германија за да го финализира трансферот во Баерн Минхен. Вчера Тотенхем ја прифати понудата на Баварците која е вредна 100 милиони евра, плус 20 милиони бонуси.

Тој вечерва ќе ги помине медицинските прегледи во Лондон, а потоа следува и потпишување на договорот со германскиот гигант.

Се очекува Кејн да потпише четиригодишен договор со Баерн Минхен, а можно е да се најде и во тимот на Томас Тухел за суперкупот против Лајпциг.

Се вчитува...