Трансферот на Хари Кејн во Баерн Минхен предизвика голем интерес кај навивачите на баварскиот клуб. За само еден ден беа продадени 10 илјади дресови со бројот „девет“, надминувајќи ја милионската сума на заработка.
Со следните денови се очекува и уште поголем број на купени дресови со што Баерн Минхен веднаш ќе врати дел од 100-те милиони потрошени за негова преселба на „Алијанц Арена“.
Кејн веќе и дебитираше во дресот на германскиот клуб на натпреварот од Суперкупот на Германија, но дебито нема да го помни по добро со оглед на тоа што неговиот нов тим доживеа дебакл од Лајпциг губејќи со 3-0.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

