Хари Кејн веќе не е малер, освои нов трофеј со Баерн

Хари Кејн предолго важеше за еден од најголемите малери од светската фудбалска елита, Англичанецот до 31-годишна возраст чекаше да стигне до првиот трофеј во кариерата, но откако тоа се случи во мај годинава, „клетвата е урната“ и англискиот голгетер вечерва стигна до уште еден пехар.

Баерн Минхен се закити со трофејот во Супер-купот на Германија откако вечерва триумфираше над Штутгарт со 2-1. Избраниците на тренерот Компани одиграа одличен меч, создадоа повеќе шанси и заслуженос е радуваа на победата што дополнително ќе им ја зголеми самодовербата пред новата бундеслигашка сезона.

Првиот гол беше дело на Хари Кејн, откако по една грешка на противничките дефанзивци топката падна токму пред голгетерот, кој во манир на голем стрелец го матираше голманот на Штутгарт. На 2-0 во второто полувреме зголеми Луис Дијаз со својот прв гол за Баерн по трансферот од Ливерпул, а конечните 2-1 во судиското продолжение ги постави Левелинг.

Се вчитува...