Хари Кејн верува дека Жозе Мурињо е вистинското решение за Тотенхем конечно да освои трофеј

Капитенот на англиската фудбалска репрезентација и на Тотенхем, Хари Кејн, верува дека новиот менаџер Жозе Мурињо е вистинското решение за да биде прекинат долгоиот период од 11 години без трофеј. Во првиот натпревар по негово водство, Тотнехем го победи Вест Хем на гости со 2-3. Португалецот има 20 големи трофеи, а Тотенхем е без пехар уште од 2008 година кога го освои Лига Купот.

„Има трофеи во секој клуб каде што работел. Тоа не може да се негира. Тој едноставно сака да победува. Тој е докажан победник. Јас сум во фаза од кариерата каде што сакам да освојувам трофеи. Јасно кажав дека оваа сезона сакам да освојам нешто големо. Реално, немаме шанси во Премиер – лигата, шансата ни е во Лигата на шампионите и во ФА Купот. Сите сакаме да победуваме. Сакавме и кога Маурисио беше тука“ – изјави Кејн кој прв отиде во домот на Покетино по отказот.

Жозе Мурињо го доби менаџерското место во Тотенхем неполни 24 часа откако клубот го отпушти Маурисио Покетино кој беше пет и пол години во лондонскиот состав.

 

 

Се вчитува...