Хари Кејн „во аут“ до мај?

Повредата на Хари Кејн воопшто не е наивна и асот на Тотенхем нема да може да се врати на терените најмалку до почетокот на мај. Ова го тврди британскиот весник „Мирор“, кој во отсуство на официјална информација од Тотенхем тврди дека прегледите не донеле добри вести за „спарси“.

Имено, според „Мирор“ Кејн при судирот со Асмир Беговиќ на дуелот со Бурнемаут се здобил со оштетување на лигаментите во скочниот зглоб. Првите лекарски прогнози се дека тој ќе мирува целосно околу триесет дена, по што ќе почне со лесни тренинзи, а дури на стартот од мај би можел повторно да му се стави на располагање на Маурицио Покетино.

Ова би значело дека Кејн ќе пропушти неколку значајни натпревари на Тотенхем, меѓу нив и дерби-дуелите со Челси и Манчестер сити кои ќе бидат од голема важност во битката за место кое води во Лигата на шампионите за следната сезона.

Се вчитува...