Превземањето на тренерската позиција во Манчестер Јунајтед од страна на Рубен Аморим ќе донесе нови промени на „Олд Трафорд“. Еден од оние кои се очекува да замине од клубот е и капитенот Хари Мегваер.
Стоперот кој пристигна во Манчестер Јунајтед како рекордно засилување не ги исполни очекувањата па како што се наближува крајот на договорот е се поблиску до излезните врати. Тој има договор до јуни 2025 година па е јасно дека доколку сака да подмири барем дел од потрошените пари на него „црвените ѓаволи“ ќе мораат да се ослободат од него оваа зима.
Еден од клубовите кои го имаат стоперот на радар е Наполи. Доколку англискиот репрезентативец се пресели во редовите на неаполитанците тоа би значело и следење на стапките на Скот Мектоминеј кој изминатото лето замина на југот на Италија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА