Хари Реднап веќе неколку години беше во пензија, но искусниот стручњак реши на 76-годишна возраст да му се врати на фудбалот, и тоа како предводник на најслабиот тим во историјата – ЦВМ Јунајтед.
Станува збор за екипа што е англиски нисколигаш, има серија која трае неверојатни 10 години, во кои ЦВМ Јунајтед редовно примал најмалку по еден гол на секој натпревар. За очајот од игри и резултати најдобро говори фактот дека има гол-разлика од неверојатни минус 191.
„Кога ме повикаа, не знаев што да очекувам. Забележав дека гол-разликата им е минус 191, тогаш решив дека сакам да им помогнам. Одработевме неколку тренинзи и можам да кажам дека тимот е максимално сплотен. Верувам во подобри денови“, изјави Хари Реднап.
Планот на искусниот стручњак е да донесе неколку реномирани поранешни играчи кои веќе се пензионери, меѓу нив и Хрватот Нико Крањчар.
„Ќе најдеме каде е Нико Крањчар, ќе го ископаме и ќе го вратиме пак да игра фудбал. Ќе доведеме уште неколку звучни имиња“, најави Реднап.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА