Хас поради рускиот спонзор останува без болидот?!

Спонзорскиот договор помеѓу руската компанија Уралкали и американскиот тим Хас беше раскинат во 2022 година по започнувањето на конфликтот помеѓу Русија и Украина.

Спорот заврши на Суд, а тој пресуди во корист на Русите наложувајќи му на Хас да исплати девет милиони евра, сума која е уплатена по 4. март 2022 година кога е раскинат договорот. Договорот е Хас да ја исплаќа оваа сума на рати, но Американците не го почитуваат договорот. Ратата за месец јули не беше исплатена па Русите се одлучија на драстичен потег.

Уралкали поднесе тужба со холаднските судови во која бараат заплена на имотот на Хас, што меѓу другото значи и болидот. Дека целата ситуација не е наивна говори и фактот дека полицијата влегла во „Зандворт“ каде ќе се одржи престојната ГН на Холандија да направи попис на имотот.

Хас сепак без проблеми ќе ја заврши ГН на Холандија, но што потоа остнаува отворено прашање бидејќи до крајот на процесот болидот на Хас мора да остане на адресата на која е затекнат.

Се вчитува...