На помалку од два месеца од почетокот на новата сезона во Форума 1 тимот на Хас прв го претстави новиот болид. Истиот бележи промени во предното и задното крило, како и гумите кои од оваа сезона ќе бидат 18 инчни па очекувањата се дека болидите ќе бидат и побрзи.
За Хас и во новата сезона ќе возат Никита Мазепин и Мик Шумахер кои не забележаа успех претходната сезона, но со промените очекувањата на раководството на тимот е да влезе во конкуренција за бодови.
„Ова е време од годината кога сите сме оптимисти. Очекувањата се дека вложениот труд ќе се исплати и ќе бидеме во конкуренција за бодови“, вели сопственикот на тимот Џин Хас.
Spot the difference, with @HaasF1Team 🔍#F1 pic.twitter.com/heH5cZ2Wvw
— Formula 1 (@F1) February 4, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА