Претседателот на ИХФ, Хасан Мустафа, со официјално писмо испратено до Ракометната федерација на Македонија, му го честиташе новиот четиригодишен мандат на претседателот на РФМ, Живко Мукаетов, објави Ракометанта федерација на Македонија на официјалната страна.
Со верба во продолжувањето на напредокот на ракометот во Македонија, Мустафа и посака голем успех на нашата Федерација, со искрени честитки упатени до претседателот Живко Мукаетов и до генералниот секретар на РФМ, Филип Милошевски.
На Изборното Собрание на РФМ што се одржа во вторникот, Мукаетов едногласно ја доби довербата од членките на Собранието за да ја предводи Федерацијата и во наредните четири години.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА