Македонската репрезентација на 2. септември во Хаифа со натпреварот против Израел го продолжува квалификацискиот циклус за пласман на СП 2018 во Русија.
Ферхан Хасани и дефинитивно поради повреда нема да биде во можност да му се стави на располагање на селекторот Игор Ангеловски. Напаѓачот на тетовска Шкендија по извршените лекарски прегледи беше утврдено дека не може да биде во комбинација за настап против Израел.
Селекторот на нашата најдобра репрезентација Игор Ангеловски на место на повредениот Хасани го повика левокрилниот дефанзивец Мите Цикарски од кипарски Етникос.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА