Македонскиот репрезентативец Ферхан Хасани и официјално промовиран во дресот на албанскиот прволигаш Партизани Тирана.
Хасани потпиша договор со Партизани до јуни 2022 година, откако на крајот од изминатава година се раздели со финскиот Хелсинки.

„Задоволство ми е што доаѓам во амбициозен клуб. Се надевам дека ќе му помогнам на тимот да дојде до посакуваните цели, во битката и за шампионската титула. Ова е мое прво доаѓање во албанскиот фудбал, па верувам дека ќе ја оправдам довербата на сите кои силно ме посакуваат да дојдам тука“ – истакна Хасани на промоцијата во новиот дрес.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

