Капитенот на Шкендија, Ферхан Хасани пред утрешното финале од Купот на Македонија кое од 20 часот се игра на стадионот „Младост“ во Струмица најавува атак на неговиот тим на титулата во најмасовното домашно клупско натпреварување која им избега минатата сезона…
„Сакаме да му се реваншираме на Пелистер на истото место, на истиот стадион, за поразот во финалето минатата година. Јасно е дека нема да биде воопшто лесен меч. Не сакаме да го потцениме противникот, мора да одиграме максимално ангажирано. Но, на крајот, верувам дека ние ќе дојдеме до титулата и за првпат во историјата на клубот ќе стигнеме до двојната круна“ – истакна Хасани на денешната прес-конференција во Струмица.
Умерено пред мечот настапува и стратегот Ќатип Османи кој вели дека овие натпревари може да ги решат само еден потег, и затоа мора внимателност.
„Не смееме да се залетуваме, мора да биде концентрирани затоа што се работи само за еден меч во кој се е можно, без разлика на тоа што ние ја имаме фаворитската улога“ – рече Османи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА