ЕКИПА во Ереван,
Никола Ѓуровски
По кратката пауза поради трансферот во Саудиска Арабија, Ферхан Хасани е повторно во националниот тим и беше стартер против Лихтенштајн. Ја пренесува одличната атмсофера во репрезентативниот табор по трите победи во Лигата на нации, и очекува ново триумфално издание и против Ерменија во Ереван.
„Атмосферата во репрезентацијата е одлична. Победите си го чинат своето. Ние сега сакаме да го осигураме првото место и не дојдовме само по бод во Ереван, туку размислуваме за победа. Среќен сум што сум повторно во репрезентацијата, добро се вклопив и во новиот клуб во Саудиска Арабија. Очекувамда одиграме нов квалитетен меч против Ерменците и да ја продолжиме победничката низа, иако се работи за квалитетна селекција“, изјави Ферхан Хасани, во пресрет на првиот тренинг на македонската фудбалска репрезентација по пристигнувањето во Ереван.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА