Шкендија доживеа непријатен пораз од Вардар (3-1) во првенството и сега има седум бода негатива во однос на шампионот на врвот на табелата во Првата лига. Но, денешната пресметка со истиот ривал е во Купот на Македонија, прв полуфинален дуел, па капитенот Ферхан Хасани овојпат се надева на многу поповолен развој на настаните за неговиот тим.
„Нормално дека не сме задоволни од поразот во неделата. Но, тоа го оставивме зад нас, затоа што сега не очекува нов дуел со Вардар во Купот. Сега треба да покажеме карактер и да одиграме многу подобро, имаме сили и квалитет за такво нешто и верувам дека ќе останеме непоразени“, истакнува Ферхан Хасани.
Натпреварот меѓу Вардар и Шкендија се игра денеска, со почеток од 14 часот, на „Телеком Арена“ во Скопје. Во вториот полуфинален дуел се среќаваат Брегалница и Пелистер. Првата пресметка ќе се игра на Градскиот стадион во Штип, и тоа за првпат под рефлектори, а мечот за закажан со почеток во 17 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА