Ферхан Хасани го мачи повреда и не е потполно „фит“, како последица на пријателскиот дуел со Турците. Денешниот последен тренинг го одработи под посебен надзор, и беше одвоен од останатиот дел од репрезентативците. Прашање е дали ќе може да помогне на утрешниот меч против Шпанците?!
Сепак, не е сосема јасно дали се работи за поштеда од денешниот тренинг како знак на дополнително внимание, или пак Хасани навистина има сериозни проблеми. По ова најверојатно нема да биде меѓу стартерите на утрешниот квалификациски дуел со „црвената фурија“, но, сепак, последниот збор ќе го имаат лекарскиот тим, самиот Хасани и селекторот Игор Ангеловски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА