Шкендија се подготвува за утрешниот реванш натпревар (17 часот) против Тракаи во Струмица, во рамките на третото квалификациско коло од Лигата на Европа. Има негатива од 2-1 од првиот меч во Вилнус, но во таборот на тетовци владее оптимизам дека може да се елиминира литванскиот тим. Ако се сведат грешките на минимум, капитенот Ферхан Хасани верува дека Шкендија може да стигне повторно до плејоф колото во Лигата на Европа.
„Имаме активен резултат, иако загубивме 2-1. Претстојат уште 90 минути, а верувам дека Шкендија има подобар тим. Во Вилнус имавме многу непријатности, останавме со двајца играчи помалку, направивме одредени грешки. Сепак, и таму покажавме дека сме поквалитетен тим. Со мудра игра, и со поддршка од фановите, мислам дека можеме да ја оствариме целта. Но, не смееме да грешиме како во Литванија“, порачува капитенот Хасани.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА