Македонскиот репрезентативец Ферхан Хасани својата кариера и дефинитивно ја продолжува во Суперлигата на Албанија, во дресот на Партизани Тирана.
Според последните информации од Албанија, Хасани денеска конечено ја прифатил понудата од Партизан за договор до јуни 2022 година.
По разделбата со фински Хелсинки, Хасани разгледуваше неколку опции за продолжување на кариерата, на крај очигледно одлучувајќи се за тимот во кој ќе игра повторно со поранешниот соиграч од Шкендија, Стенио Жуниор.
Во редовите на Партизани Тирана настапуваат и поранешниот фудбалер на Шкендија и Работнички, Егзон Белица како и екс-фудбалерот на Вардар, Јасир Асани.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

