Хасани заврши со повреда на носот, дополнително ќе биде позната тежината на повредата

Ферхан Хасани го заврши натпреварот со Словенија со повреда на носот поради која итно мораше да биде префрлен во клиничкиот центар на снимање.

„Хасани заработи повреда на носот и во моментов е на снимање, па дополнително ќе знаеме за тежината на повредата. Се надеваме дека не е ништо сериозно“ – истакна селекторот Ангеловски.

Во текот на утрешниот ден попрецизно ќе биде познато колку Хасани, кој се повреди во самиот финиш на натпреварот, ќе може да биде подготвен за тренинзите.

Се вчитува...