Хашимото: Олимписките игри се одржуваат 100%, но можеби на трибините нема да има публика

Остануваат уште 50 дена до почетокот на Олимписките игри во Токио. Сеико Хашимото, првата дама на најголемиот спортски настан во светот, не се сомнева дека игрите ќе се одржат, иако ситуацијата со коронавирусот во Јапонија е прилично критична.

Сеико ја убедува јавноста дека ОИ со сигурност ќе се одржат, а единствено што останува да се договори е присуството на публиката и нивната безбедност.

„Сто проценти сум сигурна дека игрите ќе се одржат. Сега единствено прашање е што ќе сториме за да бидат уште побезбедни присутните на трибините и да спроведиме уште поголема безбедност на сите учесници“, рече Хашимото.

Во Јапонија, епидемијата на коронавирус е во полн ек и мнозинството од населението е против одржување на Игрите. Првата дама на организацијата вели дека ќе направат се’ за да се погрижат за здравствената сигурност и безбедност.

„Знам дека луѓето се чувствуваат несигурни и се прилично фрустрирани кога зборуваат за Игрите. Вонредната состојба во Јапонија останува. Доколку оваа ситуација продолжи, сите мора да се подготвиме за игрите без гледачи. Веќе одлучивме дека тие нема да бидат од странство, но постои реална можност воопшто да нема публика“, вели Хашимото.

Околу десет илјади спортисти и членови на персоналот, кои ги придружуваат, се очекува да дојдат во главниот град на Јапонија, Токио.

Се вчитува...