Еди Хау самиот се исклучи од трката за селектор на Англија откако младиот стратег јасно стави до знаење дека нема намера да си замине од Њукасл за да застане на чело на „гордиот албион“.
Тој има договор со клубот до 2026 година, челниците на Њукасл јасно ставија до знаење дека сакаат да го задржат, а Хау е дециден околу плановите за иднината.
„Јас сум дел од еден неверојатен клуб. Бескрајно сум горд што сум тренер на клуб како Њукасл, многу ги сакам навивачите, играчите, сите кои се дел од нашиот клуб. Затоа, ништо друго не ме интересира, максимално сум посветен на работата што ја вршам овде. За мене, се додека сум среќен и имам поддршка од клубот, нема потреба да размислувам за било што друго на професионален план“, изјави Еди Хау.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА