Хау: Не можам да се помирам со одлуката на судијата

Тренерот на Њукасл, Еди Хау, упати остри критики на сметка на судијата Симон Марчињак на мечот меѓу неговиот тим и ПСЖ во Лигата на шампионите. Англискиот тим водеше до судиското надополнување, а потоа беше досуден сомнителен пенал за францускиот тим, со кој стигнаа до бод, и си ги продолжија шансите за пласман во 1/8 финалето.

Сега на Њукасл му треба победа над Милан на домашен терен, и ПСЖ да не победи во Дортмунд, за да се пласира во 1/8 финалето.

„И натаму не можам да се помирам со одлуката. Се чувствувам многу лошо, а во исто време сум горд на играчите. На крајот немавме среќа, а за пеналот мислам дека не беше. Овие повторуваат не земаат во предвид колку брзо се движи топката. Имаше удар прво во градите на играчот“, рече Хау.

Се вчитува...