Менаџерот на Њукасл Јунајтед, Еди Хау, се врати на должност откако се опорави од пневмонија и повторно работеше со тимот, потврдија во четвртокот од североисточниот англиски клуб.
Хау се врати на тренинзите еден ден претходно и пропушти три натпревари откако се разболе, поголемиот дел од тоа време помина во болница во Њукасл.
Тој беше пуштен од болница минатата недела, се опоравуваше дома и сега е подготвен да работи со тимот.
„Голема благодарност до сите поврзани со Њукасл, но и до целата фудбалска заедница за пораките за поддршка. Тие навистина значат многу за моето семејство и мене“, изјави Хау.
Хау в сабота од 16 часот ќе биде на клупата за првенствениот натпревар против Ипсвич.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА