Двајт Хауард, легендарниот американски центар кој во 2020 година се закити со титулата во НБА лигата за „Спорт Клуб“ говореше на повеќе теми.
Една од нив беше и Никола Јокиќ, еден од најдобрите кошаркари на денешницата, ако не и општо во историјата.
На прашање како би изгледал директен дуел со Јокиќ, Американецот имеше интересен одговор.
„Јас со својата најдобра форма? Ох, човеку, на него не би му било лесно против мене. Знаете, јас бев играч кој играшее со многу контакти. Тој би морал да трча со мене во секоја акција, да се обидува да ме ифрли од под кош, би морал да се бори и во нападот да ме запре на мојата позиција. Тоа би бил еден тежок натпревар“, изјави Хауард.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

