Одлуката на раководството на Минесота да се откаже од Карл Ентони Таунс и да го продолжи договорот на Руди Гобер за 110 милиони евра во следните три години наиде на голема полемика во светот на НБА.
Еден од оние кои упатија критики кон раководстовото на тимот од Минеаполис е и поранешниот НБА кошаркар Двајт Хауард кој на 38-годишна возраст е слободен агент и бара нова шанса во најсилното кошаркарско првенство.
„Му дале договор на уште три години? Минесота па можевте да ме имате мене за 10 милиони за цела сезона“, изјави Хауард на гостување на подкастот на Гилберт Аренас.
„Немам ништо против Руди, но што ли прават овие? Се откажаа од Таунс? Тој беше таму девет години. Немаше да стигнат до таму каде што стигнаа без него. Го „шутнаа“? И тоа го пратија во пеколен тим?“
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА