Милан одигра нерешено 1-1 против Сампдорија во натпревар од 29. коло во италијанската Серија А. Гостите поведоа со голот на искусниот Фабио Квалјарела во 57. минута. Само две минути подоцна Сампдорија остана со играч помалку откако Силва заработи втор жолт картон. Бројчаната предност до крајот домаќините успеаја да ја искористат само да стигнат до бод откако Хауге во 87. минута стрелаше за 1-1.
Милан останува на втората позиција на првенствената табела со 60 бода, односно пет помалку од градскиот ривал Интер. Сампдорија е 10. со 36 бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

