Менаџерот на Тотенхем, Томас Франк веројатно уште утре ќе добие отказ од функцијата, откако лондонскиот тим доживеа хаварија на гостувањето кај Нотингем Форест со 3-0.
Вистински херој за домашниот тим беше Хадсон-Одои кој постигна два гола. Првиот во 28. минута од средбата, додека вториот во 50. минута. Конечните 3-0 ги постави Сангаре.
Во Лондон на мечот меѓу Вест Хем и Астон Вила, виден е најбрзиот гол во Премиерлигата оваа сезона. Матеус Фернандеш, играчот на домашниот тим погоди по само 29 секунди игра, и го донесе Вест Хем во предност. Автоголот на Мавропанос во 9. минута донесе 1-1, но Вест Хем преку Боувен замина на полувремето со предност.
Сепак, во вториот дел Роџерс во 50. минута успеа да израмни, а истиот играч во 79. минута да донесе пресврт и триумф за Астон Вила.
Њукасл со ефектниот автогол на Волтемаде е поразен на гостувањето кај Сандерленд. Голот падна во првата минута од вториот дел.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

