Каи Хаверц на самиот почеток од репрезентативната пауза се пожали на болки во коленото, поради што асот на Арсенал воопшто не беше дел од својот национален тим на дуелите со БиХ и со Холандија. Оваа информација ги загрижи и фановите на „топчиите“, но последните вести од Лондон велат дека проблемот со Хаверц воопшто не е сериозен.
Имено, поранешниот ас на Челси целосно мирувал неколку дена на почетокот од паузата, но сега без проблем тренира со остатокот од тимот. За Артета нема дилема дека Хаверц ќе може да му помогне на тимот викендов на гостувањето против Борнмут, што е многу важно ако се знае дека Букајо Сака е неизвесен за настап поради повредата здобиена на дуелот со Грција.
Добра вест за Артета е што слична на Хаверц е и ситуацијата со Томас Парти, искусниот играч за врска се пожали на повреда и не настапи за Гана во оваа репрезентативна пауза, но се очекува Парти да биде сигурен стартер против Борнмут.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА