Хаверц ја поништи глупоста на Ремсдејл, Арсенал ќе преноќи на врвот во Премиерлигата (ВИДЕО)

Фудбалерите на Арсенал се искачија на врвот на табелата во англиската Премиер-лига барем во следните 24 часа откако вечерва во тежок натпревар славеа на домашен терен над Брентфорд со минимални 2-1. Домаќините поведоа со 1-0 со голот на Деклан Рајс во 19. минута.

Арон Ремсдејл кој по подолго време доби шанса од Микел Артета, направи голема глупост во судиското надополнување во првиот дел, со што им дозволи на гостите да израмнат на 1-1 со погодокот на Виса. Сепак, оваа глупост успеа да ја пониши Каи Хаверц со погодокот во 86. минута кој донесе големи три бода за „топчиите“.

Arsenal [2] – 1 Brentford – Kai Havertz 86‎’‎
byu/ganiganiu insoccer

 

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...