Фудбалерите на Арсенал го положија претпоследниот испит и триумфираа на гостувањето на „Олд Трафорд“ кај Манчестер Јунајтед со 0-1 благодарние на голот на Тросар во 20. минута со што ги задржаа шансите за освојување на титулата во последниот натпревар од сезоната.
Но, за шампионската титула се прашува и Манчестер Сити кој во моментот има бод помалку, но и натпревар помалку во однос на „топчиите“. Натпреварот помалку е дербито со Тотенхем кое ќе биде одиграно во вторник.
А, и покрај големото ривалство кое владее помеѓу Арсенал и Тотенхем, Каи Хаверц во изјава по триумфот над Манчестер Јунајтед откри дека цел тим со цело срце ќе навива за победа на градскиот „непријател“.
„Ќе бидам најголемиот фан во историјата на Тотенхем во вторник. Цел Арсенал ќе навива од се срце за Тотенхем“, изјави Германецот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА