Хаверц се посрамоти: Од 15 волеј-удари – ниту еден во мрежата (видео)

Каи Хаверц се посрамоти на еден од првите настапи во дресот на Арсенал, откако Германецот имаше катастрофален настап на американскиот олстар меч, како дел од натпреварувањето во волеј-удари.

Екс-фудбалерот на Челси имаше 15 можности да го совлада голманот, но не беше успешен ниту еднаш, со што стана прв фудбалер во историјата што на овој фудбалски спектакл ги промашил сите 15 шутеви.

Погледнете како изгледаше бламажата на Каи Хаверц…

Се вчитува...