Хаверц влезе и му донесе победа на Арсенал и лидерско место (ВИДЕО)

Арсенал стигна до тешка победа на гостувањето кај Брентфорд, со што „топџиите“ се искачија на врвот на табелата во Премиерлигата, после „ремито“ помеѓу Манчестер сити и Ливерпул.

Арсенал долго време се мачеше да дојде до победа, а во финишот Каи Хаверц влезе и постигна гол за победа. Сака нафрли од десната страна до Хаверц, кој со глава го постигна голот вреден три бода во 89. минута. 

Претходно Тросар постигна гол кој беше поништен поради офсајд по консултација со ВАР.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...