Хави Мартинез: Нека уживаат злобниците во моментот, Баерн ќе се врати посилен

Баерн Минхен се наоѓа во резултатска криза, актуелниот германски првак го забележа вториот пораз во низа во Бундес-лигата, откако загуби на „Алијанц арена“ од Борусија Менхенгладбах со 0-3. Тоа е веќе вонредна состојба во клубот, а шпанскиот интернационалец Хави Мартинез вели дека тимот набрзо ќе се врати на победничките патеки.

„Заедно победуваме, заедно губиме. Сите сме виновни, и сите заедно ќе излеземе од ова. На злобниците можам да им порачам да уживаат во моментот, затоа што ќе трае многу кусо. Баерн Минхен ќе се врати посилен и повторно ќе биде шампион на Германија. Ќе се бориме оваа сезона за сите четири трофеи“, изјави Хави Мартинез.

 

 

Се вчитува...