Аргентинскиот стратег и поранешен фудбалер, меѓу другото и на Барселона, Хавиер Маскерано е прв фаворит за нов тренер на МЛС франшизата на Интер Мајами. Тој на ова место ќе го замени Херардо Мартино, кој ја напушти функцијата од лични причини.
Маскерано ќе потпише долгорочен договор со клубот, откако ќе ја напушти својата улога како селектор на аргентинската репрезентација до 20 години.
Аргентинецот ќе има можност повторно да соработува со својот сонародник Лионел Меси, со кого делеше терен во Барселона, а таму се и неговите поранешни соиграчи Луис Суарез, Серхио Бускетс и Жорди Алба.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА