Германскиот првак Баерн Минхен го доби Бешикташ за ривал во осминафиналето на Лигата на шампионите. Ако се суди според традицијата, ќе биде тоа лесна задача за баварскиот клуб, затоа што Баерн М. досега нема ниту еден пораз во официјален натпревар од турски тим. Но, тренерот Јуп Хејнкес е сепак внимателен.
„Тие се многу силен тим. Ќе мораме да одиграме најдобро што знаеме, за да ги елиминираме. Секако, ја прифаќаме фаворитската улога, но ќе треба да ја оправдаме и на теренот во двата меча“, изјави Хејнкес, откако го дозна името на ривалот во осминафиналето на ЛШ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА