Баерн Минхен ќе биде значително ослабен за утрешното гостување против Реал Мадрид во Лигата на шампионите, откако Арјен Робен не се рехабилитираше од повредата и воопшто не отпатува со остатокот на тимот кон шпанската престолнина. Јуп Хејнкес утрово го објави списсокот од 20 играчи кои ќе бидат во комбинација за настап на „Сантијаго Бернабеу“, а на него не се најде холандскиот крилен офанзивец.
Робен се повреди на самиот почеток од првиот натпревар во Минхен, клупските доктори сторија се што можеа за да го рехабилитираат, но неговиот настап сепак беше преризичен, поради што Хејнкес реши да го одмори во пресрет на финалето од Купот на Германија со Ајнтрахт.
Покрај Робен, тренерот на Баерн нема да може да смета ниту на Боатенг, Нојер, Видал и на Коман, а во однос на првиот натпревар во Минхен во тимот се враќа Давид Алаба.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА