Тренерот на Баерн Минхен, Јуп Хејнкес не е многу разочаран што на денешната ждрепка во Нион го доби Реал Мадрид во полуфиналето од Лигата на шампионите.
Хејнкес смета дека ќе бидат тоа два непредвидливи дуели на исклучително квалитетни тима, а се надева дека на крајот ќе се радуваат неговите фудбалери.
„Очекувам крајно непредвидлив двомеч. Тоа се два тима кои играат атрактивен фудбал. Го познавам одлично ‘Сантијаго Бернабеу’, и како тренер и како фудбалер. Кристијано Роналдо е еден од најдобрите во светот и сигурно ќе биде големо опасност за нас, но мислам дека овој пат ќе победи колективот“ – вели Хејнкес.
Спортскиот директор на Баерн Минхен, Хасан Салихамиџиќ, пак, нагласува дека целта на тимот е пласман во финалето.
„Јас сум оптимист без разлика што играме против Реал. Наша цел е пласман во финалето и освојување на трофејот“ – рече по ждрепката Салихамиџиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА