Тренерот на Баерн Минхен, Јуп Хејнкес не е задоволен од однесувањето на чилеанскиот репрезентативец Артуро Видал, па во јануари ќе се обиде да се ослободи од неговите улуги. Во периодот кога Хејнкес пристигна на клупата на „баварците“ и одлучуваше стратегија, Видал му ја олесни работата да не смета на него поради непрофесионално однесување, покрај тоа што се справува и со повреда.
Видал е познат по тоа дека е љубител на алкохолот и забавувањето до доцните часови, слободното време го користи да се забавува во ноќни клубови, a последното негово излегување завршило со тепачка во дискотека, што дополнително изгуби кредити кај германскиот стратег. Со отказот на Анчелоти и неуспехот со Чиле да се пласира на мундијалот Видал очигледно тешко се справува, па утехата ја бара во алкохолот.
Хејнкес нема да толерира такви непрофесионалци, бидејќи претходно им потенцирал на стручниот штаб дека Чилеанецот има забрана за секакви дополнителни активности вон фудбалот и закрепнувањето од повредата, но Видал не ги почитува наредбите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА