Изборот на Нико Ковач за нов тренер на Баерн Минхен наиде на различен прием од германската спортска јавност, која се сомнева дека хрватскиот стратег поседува доволно искуство и квалитет за да седи на клупата на баварскиот гигант.
Најоригинална изјава сепак даде актуелниот стратег на Баерн, Јуп Хејнкес, кој ги запраша новинарите зошто се сомневаат во лидерските способности на Ковач, кога една друга личност во светот има уште поодговорна функција.
„Вие се сомневате во Нико Ковач, но ако знаете дека Доналд Трамп е претседател на САД, тогаш е јасно дека таквата дискусија е непотребна. Полошо од тоа едноставно не се може“ – порача Хејнкес.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА