Хејс-Дејвис го продолжи договорот со Фенербахче: Ќе биде еден од најплатените кошаркари во Европа

Американскиот крилен центар Најџел Хејс-Дејвис и во следните три години ќе биде дел од турскиот евролигаш Фенербахче откако постигна нов договор според кој ќе заработува 2.2 милиони евра по сезона со што воедно ќе биде и еден од најплатените кошаркари во Европа.

За услугите на 29-годишникот постоеше интерес и од неколку франшизи во НБА лигата меѓу кои и Феникс, но на крајот тој се одлучи да остане дел од Фенербахче чии бои ги брани од летото 2022 година. Изминатата сезона беше еден од клучните играчи за тимот предводен од Шарунас Јасикевичиус бележејќи просек од 13.8 поени и 4.4 скокови во Евролигата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Fenerbahçe Beko (@fbbasketbol)

Се вчитува...