Новиот менаџер на Лидс, Пол Хекингботом, имаше само пофални зборови за Езгјан Алиоски по одличниот настап на македонскиот репрезентативец на дуелот со Дерби. Алиоски беше резерва на овој меч, но веднаш по влегувањето во игра успеа да се запише меѓу стрелците, прекинувајќи го својот голгетерски пост. Хекингботом не крие дека е импресиониран од карактерот на македонскиот интернационалец, но и го посочи главниот проблем на Алиоски.
„Мило ми е за голот на Алиоски, тој е уште еден од неколку фудбалери кои се навистина посебни во Лидс. Луѓето ќе говорат за голот, но јас ќе го посочам неговиот карактер и желбата да помогне насекаде, па така имаше две одлични интервенции во одбрана за десетина минути. Тој е неверојатен, сака да игра секоја минута од секој натпревар, секогаш настојува да одигра перфектно, но мислам дека со тоа самиот си создава преголем притисок што понекогаш му се одразува врз настапите“ – изјави Хекингботом.
Останува да се види дали Алиоски како награда ќе се врати во стартниот тим на Лидс на следниот меч од Чемпионшип-дивизијата, на домашен терен против Брентфорд што ќе се игра в сабота во 16 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА