Македонската женска кошаркарска репрезентација денеска од 19 часот против БиХ во СРЦ „Кале“ во Скопје го игра вториот натпревар од квалификациите за пласман на ЕП 2023.
По поразот на првиот меч, сега репрезентативките на БиХ се нов предизвик за македонскиот состав. Босанките одлично ги стартуваат квалификациите, за разлика од нас, со победа над Белгија од 87-81.
Избраничките на Горан Лоје веруваат дека може да дојдат до победа и во Скопје.
„Македонија е тотална непознаница за нас. Направивме добра анализа, влегуваме како фаворитки но тоа ќе мора да се покаже на терен. Се надеваме на победа во Скопје и да ја израдуваме повторно нашата спортска јавност“ – вели една од најдобрите кошаркарки на БиХ, Сара Хељиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА