Хемлин се разбуди од кома, но и натаму во животна опасност

Играчот на Бафало, Дамар Хемлин се разбуди од кома, откако пред три дена на натпреварот со Синсинати доживеа инфаркт. Хемлин комуницира со докторите така што им пишува на хартија, но не може да зборува поради интубацијата која му го олеснува дишењето.

Првото прашање кое го напишал до лекарите било: „Дали победивме“?

„Да победивме, а ти победи на најважниот животен натпревар“, му одговориле докторите.

Бафало соопшти дека неговата состојба е подобра, но дека и натаму е во животна опасност. Нема нервни оштетувања и дека белите дробови се опоравуваат. Болницата даде соопштение дека Хемлин ги мрда рацете и нозете, а потоа стигна веста дека почнал да комуницира.

На мечот со Синсинати, Хемлин доживеа инфакрт. Веднаш е префрлен во болница, а мечот после пауза од 90 минути на крајот беше прекинат.

Се вчитува...