Хендерсон: Италија има неверојатна одбрана, но очекувам атрактивно финале

Капитенот на Ливерпул, Џордан Хендерсон, вели дека Италија е одлична репрезентација и дека очекува фантастично финале на Европското првенство.

Англија има одлична шанса на „Вембли“ да запише нова историја, победата е императив, иако одличниот тим на Италија нема лесно да се предаде.

„Тоа е одлична можност и многу голем натпревар за нас. Чувството е различно од финалето на Лигата на шампионите – ние сме на Вембли, дома сме, ќе биде убава атмосферата. Италија е фантастичен тим. На натпреварите што ги гледав, тие изгледаа толку силно во одбраната, но имаат и исклучителни играчи на предните позиции“ – додаде англискиот репрезентативец.

Се вчитува...