Хендерсон на крајот ќе заврши во Ајакс?

Саудиската епизода на поранешниот капитен на Ливерпул, Џордан Хендерсон, дефинитивно не се одвиваше на начин како што посакуваше 33-годишниот играч од средниот ред. Набргу по заминувањето во Ал-Етифак од Дамам, фудбалерот почна да бара опција за враќање во Европа, но проблем е неговата огромна плата.

Сепак, како што пренесува „инсајдерот“ Фабрицио Романо, холандскиот гигант Ајакс е во напредна фаза на преговори со саудискиот клуб. Договор се уште не е постигнат, но сите инволвирани страни се оптимисти за исходот од преговорите.

Една од причините поради која Хендерсон сака да го напушти Арапскиот полуостров е евентуалниот повик во репрезентацијата на Англија. Искусниот фудбалер наводно стравувал дека уште шест месеци фудбал во Про лигата би можеле да бидат кобни за неговиот статус во репрезентацијата и шансите за настап на ЕВРО 2024.

Се вчитува...