Хендерсон раскина со Ајакс, се враќа назад во Премиер-лигата

Џордан Хендерсон се враќа назад во Премиер-лигата откако долгогодишниот капитен на Ливерпул постигна договор за двогодишна соработка со Брентфорд.

Поранешниот англиски репрезентативец по заминувањето од Ливерпул се пресели во Саудиска Арабија, но по кратко време ја напушти оваа земја и потпиша за Ајакс. Иако имаше уште една година од договорот со холандскиот гигант тој предвреме ја прекина соработката за да ослободи место во буџетот како најплатен играч на Ајакс.

Јасна беше неговата желба да се врати назад во Премиер-лигата, а денеска беше објавено дека Хендерсон има и нов клуб. Брентфорд беше во потрага по нов лидер откако го продаде капитенот Норгард во Брентфорд, а изборот падна токму врз поранешниот капитен на Ливерпул. Сите детали од двогодишниот договор се веќе средени и се очекува Хендерсон да ги мине лекарските прегледи пред и официјално да му се приклучи на новиот клуб.

Се вчитува...