Хендерсон се збогуваше од Ливерпул: Секогаш ќе бидам „црвен“!

Англискиот репрезентативец Џордан Хендерсон после 12 години во Ливерпул официјално заминува од „Енфилд роуд“, откако денеска емотивно се збогува од својот матичен клуб.

Неверојатниот играч за врска беше дел од сите големи успеси на Ливерпул во ерата на Јирген Клоп во која како капитен го крена трофејот во Премиер-лигата, титула која дојде на „Енфилд“ по пауза од 30 години.

„Тешко е овие 12 години да се преточат во зборови, а уште потешко е да се каже збогум. Засекогаш ќе бидам ‘црвен’ – до смрт! Ви Влагодарам“, изјави Хендерсон. 

Се вчитува...